Лажни ПЦР тестови од 100 до 800 евра

Српската полиција уапси шест лица за фалсификување лични документи и издавање лажни негативни тестови за ПЦР, чија изработка чини од 100 до 800 евра.

Превозниците кои влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце исто така изјавија дека лесно можат да купат тест за негативна корона на бензинска пумпа во Врање за 65 евра!

Апсења и во Тирана

Полицијата во Албанија уапси пет члена на групата осомничени за издавање лажни PCR тестови во Тирана, додека минатиот месец во Пеќ, косовската полиција уапси две лица за истото дело.

По апсењето на десетици луѓе од Балканот за издавање лажни сертификати за негативни тестови за ПЦР, главно патници за Швајцарија, влезот во оваа земја од 8 февруари ќе биде покомплициран, бидејќи покрај голем број заразени и жртви од Балканот , оваа земја е принудена да го контролира влезот на луѓе на нејзината територија.