Tалибанците го протераа девојчињата од училиштата, им наредија само на машките ученици да се вратат во училиштата

Авганистанската влада денеска им нареди само на машките ученици и наставници да се вратат во училиштата. Со ова Талибанскиот режим покажа дека воопшто не „омекнал“ по ова прашање, кое исто вака го третираше за време на претходното владеење од 1996 до 2001 година кога на девојчињата им беше забранувано да се едуцираат а на жените да одат на работа.

Ова е уште еден доказ во низата дека новата власт во Авганистан е закана за женските права. Министерството за образование доцна вчера соопшти дека од денеска се отвораат училиштата и медресите за сите машки, без да ги спомене учителките и девојчињата.

Одлуката се однесува на машките од шесто одделение нагоре и нивните учители. Основните училишта за пониските одделенија веќе се отворени, а момчињата и девојчињата следат настава во различни одделенија, додека некои учителки се вратија на работа.

blank
blank
blank