Децата на Марадона го продаваат имотот за да ги вратат неговите милионски долгови

Легендарниот фудбалер Диего Марадона постигна светска слава и заработи огромни пари, но неговиот хаотичен живот, проблемите со дрогата, бурните љубовни врски (пет деца од четири различни жени) на крајот го доведоа до пропаст, што ги доведе неговите наследници во тешка ситуација.

Aргентинските медиуми тврдат дека Марадона оставил околу 86 милиони евра долг кога почина од срцев удар во 2020 година.

Сега, децата на Марадона во Буенос Аирес треба да го продадат имотот за да го подмират долгот. Меѓу другото, на аукцијата ќе има вила со базен во Вила Девоте, луксузниот кварт Буенос Аирес и куќа со базен во одморалиштето Мар де Плата.

Тоа не е сѐ, затоа што се принудени да ги продаваат неговите автомобили – BMW 750I, BMW M4 и Hyundai H1. На аукцијата ќе се најдат и голем број лични предмети (вклучувајќи облека и мебел) кои моментално се чуваат во два магацини.