КОВАКС конечно започна со достава на првите вакцини

Гана е првата земја која доби вакцини против Ковид-19 од програмата на Светската здравствена организација, 600.000 дози од вакцината на АстраЗенека во главниот град Акра.

Програмата на СЗО која ветува рамноправна распределба на вакцините за посиромашните земји, со месеци е подложена на жестоки критики поради доцнењето, a Генералниот директор на СЗО ги обвини богатите земји кои вакцините ги набавувале директно од производителите со што го ограничувале бројот на дози кои би му биле достапни на Ковакс.