Вака најпознатите актери на планетата изгледале во младоста – би ги препознале ли?

Некои од најголемите светски ѕвезди беа толку многу познати низ годиниве, што денес многумина не се сеќаваат на првите години или пак децении од нивните кариери.

Не е мал бројот на познатите личности кои што сме навикнати да ги гледаме во улога на стари лица во филмовите.

Кога истите дошле до одредена доба од животот, нивниот изглед не се сменил драстично, а публиката ширум светот навикнала да ги гледа такви какви што се моментално.

Но, како изгледале тие кога биле млади? Ова се дел од нив:

Меги Смит

Британската актерка која што на помладата публика ѝ е позната по улогата во серијалот за Хари Потер, родена е во 1934 година и е едно од најпрепознатливите лица на светската кинематографија.

Фотографии од младоста:

Ијан Мекелен

Славниот Британец е роден во 1930 година, а дефинитивно светот ќе го памети по улогата на Гандалф во серијалот „Господар на прстените“ и „Хобит“, но тој исто така е многу ангажиран и во борбата за правата на ЛГБТ лицата. Многумина заборавиле како тој изгледал во 60-тите и 70-тите години…

Фотографии од младоста:

Хелен Мирен

„Сексапилната баба на светскиот филм“, која што не е необично да ја нарекуваат и шармантна актерка е родена во 1945 година, како Јелена Васиљевна Миронова, а трагите од нејзиното руско потекло се многу видливи во нејзините стари фотографии.

Фотографии од младоста:

Бети Вајт

Една од најсимпатичните баби на планетата и најстарата на оваа листа е родена во далечната 1922 година во Америка и дури и денес важи за една од најценетите комичарки на планетата.

Фотографии од младоста:

Морган Фримен

Популарниот актер чија кариера „експлодираше“ во текот на 80-тите и 90-тите години на минатиот век, веќе спаѓа во уметниците чие лице и име го знаат и оние кои што не се љубители на филмовите. 

Фотографии од младоста:

извор.точка.мк