ВАКЦИНАТА НА ЏОНСОН И ЏОНСОН ПРЕД ОДОБРУВАЊЕ: Се дава само во една доза, а има голема ефикасност и против новите соеви

Вакцината против коронавирус „Џонсон и Џонсон“ се покажа како безбедна и ефикасна во испитувањата, соопшти американската Агенција за храна и лекови на САД (ФДА) во документите објавени вчера, отворајќи го патот за  нејзино итно одобрување во САД

Сепак, независни експерти ќе се состанат во петок за да одлучат дали да препорачаат да се одобри вакцината. Вакцината е ефикасна во намалување на ризикот од Ковид-19 и создавање на антитела на вирусот најмалку 14 дена по вакцинацијата, наведува ФДА во своите брифинг-документи.

Во испитувањата на над 44.000 учесници, федералните регулатори соопштија дека вакцината е ефикасна 72% во САД, 66% ефикасна во Латинска Америка и 57% ефикасна во Јужна Африка, каде мутацијата Б1351 е широко распространета. Иствремено, таа е 85% ефикасна во спречување на тешки случаи на Ковид-19. Студијата за вакцината на Џ&Џ го вклучи алармот за тоа како еволутивните промени во коронавирусот, наречени варијанти, можат да влијаат на ефикасноста на вакцините. Научниците сè уште проучуваат колку долго вакцината ги штити луѓето од Ковид-19.

Понатаму, ФДА рече дека „неизвесноста“ останува во врска со степенот до кој вакцината Џ&Џ спречува асимптоматско пренесување на коронавирусот, иако покажува ветувачки податоци.

Очекуваното одобрување и дистрибуцијата на најновите вакцини во САД ќе бидат дел од напливот на производство, дистрибуција и апликација на вакцините оваа пролет, соопштија здравствените власти. Веста доаѓа само неколку дена откако бројот на жртвите во САД помина 500.000, далеку најголем во светот.

Извршен директор на Џ&Џ им соопшти на конгресните очекува компанијата да испорача 100 милиони дози од вакцината до јуни, вклучително први 20 милиони до март. Сосема исто како и вакцината Модерна, децата под 18 години немаат право да примаат вакцина, иако се верува дека се големи преносители на Ковид-19.

Една од предностите на вакцината Џ&Џ е што треба да се чува само на вообичаени температури во фрижидер, за разлика од вакцините Фајзер и Модерна