Бил Гејтс со одговор кога ќе заврши пандемијата

Бил Гејтс откри што може да го прекине ширењето на коронавирусот кој зарази 110,7 милиони ширум светот, а починаа 2,4 милиони луѓе. Тој ја повика меѓународната заедница да вложува во фабрики за вакцини.

Коосновачот на Microsoft беше на чело на глобалната кампања за ставање на крај на пандемијата. Неговата фондација донираше 1,8 милијарди долари за истражување на SARS-CoV-2 како и за развој и дистрибуција на вакцини ширум светот.

Според Гејтс, неколку милијарди долари би им овозможиле на научниците да работат на пронаоѓање на универзални вакцини против коронавирус и грип, лекови кои би спречиле пренос на болеста како и за дијагностика.

„Може да отвориме фабрики кои имаат голем капацитет на глобално ниво, а тие фабрики може да се користат за стандардни вакцини кога нема пандемија“, рече Гејтс.

Тој истакна дека и земјите во развој треба да имаат пристап до вакцини. Претходно, Гејтс рече дека развиените земји ќе се вратат во нормала до крајот на 2021 година ако вакцините дејствуваат, а останатиот свет може да се врати во нормала до 2022 година