88-годишник возел со 190 километри на час

Француските полицајци останале изненадени кога сопреле возило кое возело 191 километар на час, а било управувано од 88-годишен возач.

Ограничувањето било 110 километри на час. Кога полицајците го прашале возачот каде брза толку, рекол дека се плаши да не задоцни на закажан термин за вакцинација.