Поради еден заразен цел град во Нов Зеланд оди во карантин

Поради еден заразен со коронавирусот, цел град во Нов Зеланд оди во карантин. 

Оукленд повторно ќе се воведува карантин откако денес е откриен нов случај на инфекција со коронавирусот.  Премиерката Жасинда Ардерн свика денес итна прес конференција за да информира за новите рестриктивни мерки. Ардерн извести дека новите порестриктивни мерки ќе бидат на сила најмалку една недела. Од утре училиштата во Оукленд ќе бидат отворени само за нужно потребните вработени. Во останатите делови на Нов Зеланд масовните собирања се ограничени на 100 луѓе и затоа ќе се спроведуваат мерки на физичка дистанца. Во Оукленд карантин имаше на 14 февруари, откако беа откриени три случаи, но рестриктивните мерки беа ублажени три дена подоцна. Државата со околу пет милиони жители досега има 2.016 случаи на инфекција со коронавирусот и 26 смртни случаи. Земјата претходно прогласи победа над коронавирусот. Во светот има повеќе земји каде имаше само неколку жртви од вирусот.