Како ќе изгледа ковид пасошот и како ќе патуваат невакцинираните: Утврдени детали

Повеќето земји од Европската унија се согласија да го олеснат патувањето преку граници во услови на пандемија со воведување дигитален сертификат за вакцинација, додека невакцинираните лица ќе можат да патуваат со негативен ПЦР тест. Како ќе функционира ова?

Сертификатот за вакцинација ќе биде во дигитална форма, нема да биде физички документ што се вади во некоја конкретна институција. Од туристичките агенции велат дека основната идеја е да се овозможи проток на луѓе во Европската унија, но дека најверојатно овој сертификат наскоро ќе важи за целиот свет. 

Клучната дилема е дали некои земји ќе го ограничат влезот на граѓани кои не се вакцинирани, но се смета дека тоа не е можно иако сепак не е исклучено. 

„Кипар објави дека може да наведе ограничување на вакцините одобрени од Европската комисија. Сепак, со оглед на бројот на руски и кинески туристи секоја година, не верувам дека прашањето за економијата ќе биде поважно од тоа кој ја примил вакцината“, изјави за српските медиуми Александар Сениќиќ, претседател на Асоцијацијата на туристички организации. 

Сеничиќ вели дека Меѓународната асоцијација на авиокомпании веќе започнува со дигитални сертификати, односно дека некои компании веќе имаат Travel-Pass. Кога станува збор за ЕУ, тие најавија дека ќе требаат околу три месеци да се среди сè, бидејќи оние што го скенираат кодот треба само да добијат релевантни здравствени информации.

Невакцинираните лица веројатно ќе можат да направат негативен PCR-тест што ќе биде доволен. Но, што кога патувањето трае повеќе од 24 часа или 48 часа? Во тој случај, можно е да се прави PCR-тест на самото место.