Сопругот на британската кралица е префрлен во друга болница, има инфекција

Објавил:Administrator
01 март 2021, 16:29СподелиСподелиhttps://www.facebook.com/v2.10/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df332d5e06f5f18%26domain%3Dkanal5.com.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkanal5.com.mk%252Ff28f66ad31db42%26relation%3Dparent.parent&container_width=134&href=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fsoprugot-na-britanskata-kralica-e-prefrlen-vo-druga-bolnica-ima-infekcija%2Fa463376&layout=button&locale=en_US&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=large

Филип, војводата од Единбург, бил примен во лондонската болница „Крал Едвард VII“ пред две недели поради неодредена инфекција, но не од ковид-19.

Денеска, Бакингемската палата објави дека тој е пренесен на понатамошно лекување и набљудување во болницата Свети Бартоломеј, што е најдобар центар во областа на кардиологијата.

„Војводата реагира на лекувањето, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на палатата.

Фотографите и ТВ екипите пред болницата Кинг Едвард претходно го виделе пациентот ставен во амбулантно возило, скриен од медиумските со помош на чадор што го носел болничкиот персонал и полицијата, иако нема потврда дека станувало збор за принцот.

Кралицата е во Виндзор, каде што парот бил за време на карантинот за коронавирус, а минатата недела таа продолжила со службените должности.

Двајцата ја примиле првата доза на вакцина против корона, а инфекцијата на војводата не била поврзана со вирусот.