Што се добива со една доза од вакцината против ковид?

Британско истражување за тоа како делува една доза од вакцината кај лица со висок ризик и постари од 80 години

И една доза вакцина од „Фајзер/Бионтек“ или „АстраЗенека“ помага да се спречи развој на потешки форми на болеста за кои е потребна хоспитализација на лица со висок ризик постари од осумдесет години, покажаа првичните податоци од британско истражување.

Резултатите од истражувачкиот проект финансиран од компанијата „Фајзер“ покажуваат дека ефикасноста од една доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, која започна во Велика Британија на 8 декември, е 71,4 проценти две недели по вакцинирањето и спречила развој на тешка симптоматска форма на ковид што може да резултира со хоспитализација на пациент чиј просечен животен век е 87 години.

За вакцината на „АстраЗенека“, која започна да се воведува во Велика Британија на 4 јануари, резултатите покажаа дека ефективноста на една доза по истите параметри е 80,4 проценти кај пациентите чија просечна возраст е 88 години.

„Овие првични резултати покажуваат дека британската програма за вакцинација против ковид-19 дејствува поуспешно отколку што се надевавме“, 

изјави Адам Фин, раководител на студијата на Универзитетот во Бристол.