Бајден ги продолжи санкциите кон Русија за една година

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги продолжи санкциите кон Русија за уште една година поради Крим и ситуацијата во Украина, е објавено денеска во Федералниот регистар.Санкциите против Русија се воведени од администрацијата на Трамп на 20.09.2018 година, но и пред тоа од страна на администрацијата на 44-от претседател на САД, Барак Обама.

„Акциите и политиките поради што се воведуваат санкции кон Русија и понатаму претставуваат вонредна закана за националната безбедност на САД и надворешната политика на САД“, се вели во придружното образложение на претседателот Бајден, продолжувајќи ги санкциите кон Русија за уште една година.