Момче со нож избоде осум минувачи: Терористички напад во Шведска

Шведската полиција врши истрага за нападот со нож што се случи во градот Вентландa, во јужниот дел од земјата, во кој биле избодени најмалку осум лица.

Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор.

Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а најмалку три се во критична состојба.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментно ситуацијата е под контрола