Пред неколку дена, состојбата на принцот Филип се влоши. Како што пренесуваат странските медиуми тој првично беше примен во болницата „Кинг Едвард VII“ во Лондон затоа што се чувствувал лошо, а потоа бил префрлен во друга болница бидејќи се борел со инфекција.
99-годишниот принц Филип имал на операција на срцето, пренесува „Mirror“. Од Бакингемската палата соопштуваат дека операцијата била успешна и дека принцот ќе остане во болницата „Свети Бартоломеј“ уште неколку дена додека не се опорави целосно.
Од палатата потенцираа дека здравствената состојба на принцот не е поврзана со коронавирусот. Но, на социјалните мрежи многумина коментираат само денесетина дена пред да биде примен во болница, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора ја примиле вакцината против ковид-19.
Филип поголемиот дел од времето изминатиов период го поминувал во замокот Виндзор со 94-годишната кралица, поради безбедносни причини поврзани со пандемијата на коронавирусот. За нив се грижеше нивниот персонал и не примале никакви посети.