Путин нареди: Ќе се испитува ефикасноста на вакцината врз новите соеви

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на Владата да ја анализира ефикасноста на руските вакцини против новите варијанти на вирусот Ковид-19 кои се појавија на повеќе места ширум светот.

Владата мора да обезбеди анализа и проценка на ефикасноста на домашните вакцини за спречување на инфекцијата со новите соеви на коронавирусот. И доколку е потребно да спроведе дополнително истражување на вакцините.

Путин овој извештај го очекува пред 15 март, а потоа уште еден за половина година.