Бајден: Сé уште се навикнувам на Белата куќа, во претседателската работа длабоко навлегов

Четири недели откако стана претесдет на САД Џозеф Бајден вели дека и натаму се навикнува на новата канцеларија. 

Бајден откри како изгледа животот во Белата куќа во текот на синиќешното интервју на Си-Ен-Ен, повикувајќи се на поранешните претседатели кои рекоа дека зградата изгледа помалку како позлатен кафез.„Станувам наутро, ќе ја погледнам сопругата Џил и ја прашувам ,Поѓаволите каде се наоѓаме?,“, се пошегува Бајден, и додаде дека не се навикнал да го чека домашниот персонал и да го чека за да ја облече домашната наметка.„Сметам дека сум самосвесен по многу прашања“, рече Бајден, а пренесе АП.Бајден доаѓа од работничка класа и израснал во Скрентон во Пенсилванија, и тоа долго беше централна точка на неговиот политички бренд.  Донеодамна живееше во голема куќа во Вилмингтон во државата Делавер.Бајден вели дека иако резиденцијата се уште му се чини нова, длабоко навлегол во претседателската работа.