Јужна Африка е првата земја која почна да ја користи вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2,  кој не предизвикува заболување, но сепак генерира имунолошки одговор и нејзината предност е што се дава во една доза

Вакцинацијата против коронавирус започна и во Јужна Африка, а оваа земја стана првата во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“.

Првата вакцина од 80 000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун и тој момент беше овековечен пред камерите.

Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса.

Уште 420 000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка.

Што веќе знаеме за оваа вакцина?

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2,  кој не предизвикува заболување, но сепак генерира имунолошки одговор, како што се и вакцините на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник Ви“.

Кај оксфордската вакцина, „Џонсон и Џонсон“ и „Спутник Ви“ се користи вирусен вектор, безопасен вирус, кој е направен за да содржи ген за САРС ков- 2 Ес- протеин.

Она што се смета за предност на оваа вакцина е што ефикасноста се постигнува само со една доза.