Се појави фински сој на коронавирусот! ПЦР тестот не го препознава!

Нов вид на коронавирус, наречен „Fin-796H“, е идентификуван во јужна Финска, откри заедничка студија на лабораториите Вита и Институтот за биотехнологија на универзитетот во Хелсинки.

Финскиот вид коронавирус се чини дека е најновата варијанта откриена во последните неколку месеци ширум светот.

Нов вид на коронавирус, наречен „Fin-796H“, е идентификуван во јужна Финска, откри заедничка студија на лабораториите Вита и Институтот за биотехнологија на универзитетот во Хелсинки.

Вирусологот Оли Вапахалагти укажа дека ПЦР тестот, не го препознава финскиот сој на корона вирус како што тоа успева со другите соеви.

За други специфичности на финскиот сој нема многу податоци, освен дека има одредени карактеристики на мутацијата кои се присутни и кај британскиот и кај јужноафриканскиот сој. Вирусологот од Универзитетот во Турку, Илка Јулкунен, вели дека нема причина за загриженост.

– Немаме сигурни докази дека овој сој е позаразен или дека има последици по имунитетот на лицата кои прележале корона, односно кои се вакцинирале – вели тој.

Финскиот институт за здравје засега не се огласил во врска со новиот сој.