Бројот на новозаразени во светот конечно паѓа

Светската здравствена организација доцна синоќа соопшти дека глобалниот број на новозаразени со коронавирусот минатата недела се намалила за 500.000, на 2,7 милиони, што е пад од 16 проценти во однос на претходната недела. Во првата цела недела од јануари, новите случаи на коронавирусот го достигнаа врвот од скоро 5 милиони, пренесе Дојче Веле.

Минатата недела скоро сите региони во светот забележале тренд на опаѓање на новите случаи, освен Блискиот Исток. Минатата недела има глобален пад и на смртноста, со 81.000 нови смртни случаи, што е намалување за 10 проценти во однос на претходната недела.

Бројот на нови случаи на коронавирусот неколку недели се намалува и во 44 американски држави. САД во просек имаа околу 82.000 нови случаи на ден во текот на изминатата недела – пад од 24% од претходната недела. Случаите со недели паѓаа со приближно исто темпо.

ДВ известува дека СЗО смета дека се карантинот и зачестените вакцинации се главни фактори во глобалното намалување на новите инфекции со ковид-19.

Ова се одлични вести и ќе ја олеснат работата на здравствените системи низ светот, но пандемијата е далеку од завршена, и секој мора да остане претпазлив ако сакаме некогаш да заврши.