Данела не може со една сала да управува, Расадник е срамно оставена руина од семејните фирми

Почитувани граѓани, Освен што не плаќала струја, Данела Арсовска со нејзините и семејните фирми ја оставила салата Расадник како руина, целосно запуштена.
Фирмата на Данела Арсовска „Империјал Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империјал“ ДООЕЛ Скопје во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала „Расадник“ зад мене.
Еве го договорот што Данела Арсовска го потпишала на десетти јануари 2002 година за закуп на салата за месечна закупнина од 1.000 евра месечно плус ДДВ
Со членот 4 од договорот фирмата на Данела се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата.
Овој договор почитувани има и Анекс со кој се надополнува членот четири каде се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови.
Ништо од ова како што гледате не е направено.
Што правела Данела Арсовска 20 години со оваа спортска сала?
Ова е потврда дека Данела не може да управува ниту со една сала. Данела не може да управува ниту со сала а најмалку со град.

blank
blank


Со неа на чело на Градот, и Скопје би бил запуштен и запоставен како оваа сала. Граѓаните тоа го знаат и затоа во недела нема да дозволат Арсовска да дојде на позицијата градоначалник.
Скопјани не сакаат градот да им стане риуна и затоа Данела ја чека уште еден пораз.
На 17 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат 12 за Петре Шилегов и за советничката листа предводена од доктор Софија Пејкова.
Во недела граѓаните ќе заокружат број 12 за Скопје да остане во сигурни раце, за да продолжи да се развива и во следните четири години.

Линк до видео: https://youtu.be/HdY5YCAV41o

blank
blank
blank