До доцна во ноќта поранешните другари на “начлникот” славеле за пресудата.

На Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, му е изречена 12-годишна казна затвор за масовното незаконско прислушување од 2008 до 2015 година. За делото „Таргет-Тврдина“ четири години зад решетки ќе биде и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а за виновни се прогласени и сите други обвинети во предметот што го отпочна тогашното Специјално јавно обвинителство, а го презеде ОЈО.

Поранешните другари на “начлникот” славеле за пресудата во угостителски објект во Стајковци.

Забавата завршила по упад на полицијата за непочитување на мерките за заштита на здравјето со КОВИД 19.