Спасовски и Вучиќ се закана за криминалот во регионот, пишува ИФИМЕС

Според најновата анализа на ИФИМЕС (Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии) во најновата анализа за случувањата во државава, члeнството во НАТО има широк ефект на сите полиња во јакнење на институциите, а бидејќи силните институции се најголемата пречка за криминалот и корупцијата, токму затоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е главна мета на мафијашко-политичките структури, исто како што е мета и претседателот на Србија – Александар Вучиќ.
„Оливер Спасовски (СДСМ), кој со доаѓањето на чело на Министерството за внатрешни работи покрена темелни реформи кои доведоа до тоа Северна Македонија да ја има една од најдобрите полиции во Југоисточна Европа, која се спротивстави на криминалот, корупцијата и мафијата. Поради тоа министерот Спасовски е на мета на политичко-мафијашките структури, бидејќи ја покрена борбата против нив како што тоа го направи претседателот на Србија – Александар Вучиќ (СНС), покренувајќи борба против организираниот криминал и мафијата во Србија. Од тие причини, Вучиќ и Спасовски се двајца високи функционери во регионот кои се најизложени на ударите и заканите на мафијашките структури. За жал, македонското правосудство, обвинителства и судови, заостануваат зад напредокот кој е постигнат во органите за внатрешни работи (полицијата) и потребно е да се забрзаат процесите на реформите во тие сектори и да се работи на изградба и јакнење на институциите на државата“, пишува ИФИМЕС.

Анализата во целост на следниов ЛИНК.