Спасовски со апел до граѓаните: Внимателно, на „Тик Ток“ се забележани повици за самоповредување на малолетници

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања“, напиша Спасовски.