200 илјади вакцини до крајот на февруари

Процесот на вакцинација почна вчера со вакцините од компанијата Фајзер, кои ги добивме како донација од Србија. Но, Владата ги разгледува и кинеските вакцини на компанијата Синофарм, но тоа не значи откажување од вакцините на Фајзер. Министерот за здравство, Венко Филипче, за ТВ21 рече дека компанијата Фајзер е првата компанија која ги добила сите потребни документи, но не успева да ја достави бараната количина во сите земји.

Од друга страна, Амбасадорот на Република Народна Кина, Џанг Суо, за ТВ21 рече дека Кина ќе го користи Ковакс системот со 10 милиони дози на вакцината, секако врз основа на барањето на СЗО.

„Со оглед на тоа дека епидемијата се уште се шири, во разни земји ситуацијата со спречувањето и ставање под контрола се уште е сериозна. Кина одлучи да го снабди Ковакс системот со 10 милиони дози на вакцини по барање на СЗО. И Кина се соочува со големо барање за вакцини за домашното население, но прави се за да ги надмине пречките и да го направи својот дел за еднаква распределба на вакцините, промовирајќи ги како кинеско добро, користат потврдена технологија, а судејќи според досегашните податоци на клиничките тестови во третата фаза, кинеската вакцина е ефикасна и безбедна.“, рече Џанг Суо.

Министерот Филипче, н