Каде живее Здравко Чолиќ

Eдна од најголемите ѕвезди во регионот живее во најтивкиот дел на Белград, во близина на парк-шумата Кошутњак.

Со неговата сопруга Александра и ќерките Уна и Лара, Здравко Чолиќ живее во луксузна вила лоцирана на Кошутњак.

Балканската ѕвезда платила 850 000 евра за својот дом, како што тогаш пишуваа локалните медиуми. Чолиќ се одлучил за оваа куќа затоа што, на неговата сопруга Сандра и на ќерките Уна и Лара, им овозможува целосен мир и бегство од градската врева, а исто така и пејачот може да се рекреира во блиската шума.

Семејството Чолиќ се пресели овде од елитната населба во Дедиње во 2010 година.