На дното град, автомобил, дрвја – во Дубаи отворен најдлабокиот базен во светот (ВИДЕО)

Базенот е исполнет со 14 милиони литри вода и моментално е најдлабокиот во светот.

До неодамна базенот „Длабоко место“ во Полска важеше за еден од најдлабоките базени (45,4 метри), а титулата му ја презеде „Blue Abyss“ чија изградба е во тек.

„Deep Dive Dubai“ е планиран како тренинг и истражувачки центар, но моменталниот фокус е ставен на туризмот и комерцијалната атракција.

На самото дно се наоѓа цел град, автомобил, дрвја, библиотека, гејминг соба, филмско студио, а американскиот актер Вил Смит меѓу првите се упатил во прекрасната авантура, пренесува „Аутоеволушн“.

Базенот е исполнет со 14 милиони литри вода, чија константна температура е 30 степени Целзиусови. Обезбеден е со голем број камери, додека активностите во водата може да се набљудуваат од специјалните прозорци.

Базенот во моментов е достапен само за поканети гости, пренесува „Нпр“. Прво бил посетен од престолонаследникот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а познати личности, вклучувајќи го и Вил Смит, го снимиле своето нуркање на социјалните мрежи.

blank
blank
blank