(ВИДЕО) Осуден криминалец ја тужел државата бидејќи му уништиле Ферари

Осуден криминалец избегал во друга земја за да го избегнето издржување на казната, но скапото Ферари не успеал да го спаси.
Захид Кан (35) бил осуден на десет години затвор за измама со регистарски таблички. Сепак, непосредно пред пресудата, тој побегнал со авион од Велика Британија во Дубаи, каде сè уште ужива во својата слобода.

Тоа очигледно не му било доволно, па сега решил да ја тужи полицијата на Западен Мидлендс. Кан рекол дека „покренал постапка против полицијата која незаконски го запленила 200.000 фунти вредното Ferrari 458 Spider. Полицијата не е премногу возбудена и чека да се појави покана пред судот. Во меѓувреме, тие дознале каде се наоѓа Кан и започнале барање за екстрадиција.
Инаку, Кан живее на високо ниво во Дубаи и тој не го крие тоа. Има возач кој го во „Ролс Ројс“ го вози на забави, а тој често бил гледан во друштво на Флојд Мејведер, па дури и на раперот Баст Рајмс. На крајот на краиштата, веднаш по бегството од Велика Британија, тој направил видео во кое со чекан уништува „Ролекс“ од 30.000 фунти.

Како што јавува Birmingham Live, уште во 2017 година, Кан скапоценото Ферари го паркирашл на тротоарот во близина на судската палата. Глупава одлука затоа што полицијата наскоро го запленила автомобилот, а потоа било утврдено дека автомобилот нема валидно осигурување, а поради штетата е оценето дека е технички неисправно. Добивајќи категорија Б, Ферарито било испратено на отпад за автомобили каде што бил уништен.