Италијанскиот великан Милан објави фотографија од Ибрахимовиќ со безвременски хит на српска пејачка

Италијанскиот фудбалски великан Милан објави интересна фотографија на социјалната мрежа инстаграм со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

Оваа песна е една од омилените за ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, а фудбалерот со босанско потекло никогаш не криел дека ја сака таа песна, па честопати е онаа која ги следи приказните на Инстаграм што ги објавува.

Меѓутоа, овој пат, песната на Нада Топчагиќ го „зарази“ славниот италијански клуб, кој седум пати беше европски првак и во 18 наврати италијански шампион.

Преку опцијата „стори“, Милан сподели фотографија од повредени играчи од дуелот против Венеција. Ибрахимовиќ, во друштво на репрезентативецот на БиХ, Раде Круниќ, Тимуе Бакајоко, Јуниор Месија, Симон Кјаер, Оливие Жиру и Давиде Калабрија, емотивно го прославија голот и ја споделија легендарната песна.

Италијанскиот клуб ја сподели објавата на Ибрахимовиќ, но ја додаде и песната „Јутро је“ на делот на искусниот шведски напаѓач.