Истражување: Возачите на БМВ, Мерцедес и Ауди се меѓу најагресивните во сообраќајот

Дали возачите на БМВ, Ауди и Мерцедес се најдрските учесници во сообраќајот, дали навистина не ги почитуваат другите учесници во сообраќајот или сообраќајните знаци како што се претпоставува, истражувала норвешката осигурителна компанија.

Иако предрасудите за способностите и однесувањето на возачите на германските познати марки немаат научна основа, бројката на судири и инциденти во сообраќајот на возачите на БМВ, Мерцедес и Ауди сепак даваат основа за шпекулации.

Со цел да провери што мислат самите возачи за навиките на другите возачи, норвешката осигурителна компанија „Сторебренд“ спроведе анкета преку агенцијата „Норстат“ со цел да открие кога сметаат дека е опасно и кога се највнимателни на патот.

Резултатите се интересни, а многумина ќе кажат и очекувани.

Возачите на БМВ се најагресивни зад воланот и така мислат повеќе од половина од испитаниците. Покрај нив е Audi (37 отсто), потоа Тесла (30 отсто), Порше (18 отсто) и Мерцедес (15 отсто).

На спротивна страна се возачите на Тојота, Волво, Шкода, Фолксваген и Опел.

Петер Берг од „Storebrand“ ги коментираше резултатите: Возачите на БМВ и Ауди се константни во ваквите истражувања. БМВ особено се издвојува во нашата статистика во однос на бројот на повреди, но повеќе сме изненадени од Тесла со оглед на релативно малиот број на нивните модели на патиштата во однос на другите марки – заклучи Берг.

Сопствениците на овие брендови се сметаат за најагресивни во Норвешка:

1. БМВ 53%

2. Ауди 37%

3. Тесла 30%

4. Порше 18%

5. Мерцедес 15%

Сопствениците на овие марки на автомобили се сметаат за највнимателни:

1. Тојота 23%

2. Волво 17%

3. Шкода 12%

4. Фолксваген 10%

5. Опел 8%