(ВИДЕО) Германец со Bugatti Chiron возеше 414 км/ч, на автопат

Откако во 2015 година, кога со Бугати Вејрон возел 402,5 км/ч, германецот Радим Пасер решил сам да си го собори тој рекорд.

Сега тој се врати и реши да го направи истото во Chiron. 58-годишниот бизнисмен го предал Chiron на детален преглед во фабриката на Bugatti во Молсхајм, а потоа во зори, околу 4:50 часот, кога имало најмалку сообраќај, излегол на автопатот.

Активирањето на вториот клуч значело дека нема повеќе блокирање на 381 km/h и дека Chiron може да оди побрзо. Го стиснал гасот и возел преку 400 км/ч. Тој не се откажал додека брзиномерот не покажа 414 km/h. Интересно, и покрај тоа што возел со толку голема брзина, возачот не го прекршил законот бидејќи се работи за делница без ограничување на брзината.

Сепак, Bugatti повеќе не го брка брзинскиот рекорд. Неговиот тест-возач Енди Валас по последното поставување на брзински рекорд изјавил дека Chiron (Super Sport 300+) има повеќе гас и може да биде значително побрз, веројатно над 500 km/h.