Овен со 35 килограми волна е пронајден во Австралија: Тешко се движел и едвај гледал…(ВИДЕО)

Овенот го добил името Барак, а бил пронајден во шумата, пишува Гардијан.

Активист од организацијата за заштита на животните изјави дека се чини дека Барак некогаш бил во сопственост на некого и дека тој потоа избегал.

Тој посочи дека мерино овците мора да се стрижат најмалку еднаш годишно, бидејќи нивната волна продолжува да расте.

Волната му создавала големи проблеми на кутриот овен, бидејќи тешко се движел и едвај можел да гледа.