Јелена Карлеуша објавува нова фотка, Инстаграм „гори“, сиви клетки неповратно исчезнуваат, нова вест од малиот мозок!

Вест од која дипломите по новинарство плачат што воопшто постојат, пишувањето на секоја буква боли како тастатурата наместо тастери да има игли, но тоа е тоа, Јелена Карлеуша објавува, ние мора да пренесеме. Таа со новата фотка на Инстаграм, кој мора да „гори“ нели кога таа објавува, ги презентира пред публиката своите атрибути и апозиции дадени од својот пластичен хирург денес на малце поразличен начин од вчера, во некој лифт во комбинација на латекст и зебра. Има тука од се по нешто и од љубителите на фетишот и од љубителите на животните па и на лифтовите. Иако бомби во лифт, и вооошто генерално се забранети, сепак да признаеме таа изгледа како бомба!