Поради опструкции (на кој ако не на ДПМНЕ) во Собранието, Уставниот суд остана некомплетиран

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вчера испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии, на што собранискиот спикер одговори дека поради опструирање на работата на Комисијата за избори и именувања, Законодавниот дом не може да го изврши изборот на нови уставни судии.

Во писмото до Џафери, Кацарска изразува загриженост за состојбата со намалениот број на членови на Уставниот суд и бара од него „да го заложи својот авторитет” и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии.

– Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна демократија во којашто поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и права. Од тие причини, Ви се обраќам да Ве информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии, наведе Кацарска во писмото.

Таа нагласува дека ваквата состојба има влијание при одлучувањето и често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство.

На ваквото барање на Кацарска, Џафери одговори дека поради тоа што се опструира работата на Комисијата за избори и именувања, во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд.

– Собранието, согласно своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што Претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во одговорот на Џафери на писмото на Кацарска.

– Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина, вели Кацарска во писмото до Џафери, барајќи од него лично да го заложи својот авторитет како претседател на Собранието да бидат избрани нови уставни судии со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд.

По барањето на Кацарска и одговорот на Џафери, преку соопштение реагираше ВМРО-ДПМНЕ наведувајќи дека за уставни судии се потребни решенија за кои ќе има заедничка согласност дека се квалитетни и професионални.

– ВМРО-ДПМНЕ нема против предлози кои се компетентни и стручни во својата област. العاب ربح مال حقيقي Останува да проследиме кои се тие експерти од уставното право кои ќе бидат предложени. العاب الخيول

Ако се партиски и политички решенија како што е самата Кацарска сосема е јасно дека нема да бидат прифатени, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 365 bet

Од девет судии, Уставниот судот во моментов работи само со петмина судии, откако им истече мандатот на останатите четворица членови, а Собранието се уште нема избрало нивни наследници. Во јули минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски. До крајот на 2022 година истекува мандатот и на судијката Вангелина Маркудова и доколку дотогаш не бидат избрани нови уставни судии, Уставниот суд не ќе може да работи.

Во моментов поради преполовениот состав на судот одложени се расправите по 11 предмети меѓу кои и за законите за Јавното обвинителство, за високото образование и за додатоците на пратениците, како и Деловникот за работата на Владата.