СДСМ: Се подготвува нов пакет мерки за спречување на поголем ценовен шок на прехрамбените продукти и енергенсите

Владата во континуитет се грижи за заштита и унапредување на економскиот стандард на сите категории граѓани. Во таа насока е и подготовката на нов пакет мерки за надминување на состојбата со економијата, со цел спречување на поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и енергенсите, велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека новите, таргетирани мерки, ќе го зачуваат стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историски раст на пензиите.

„Додека Владата изнаоѓа начини за справување со глобалната криза, ВМРО-ДПМНЕ единственото што прави е ширење дезинформации и подгревавање паника кај граѓаните.СДСМ како одговорна партија, продолжува со реализација на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории кои остануваат наш врвен приоритет,“

посочуваат од СДСМ.