Приведен разбојник од Скопје кој се заканувал со нож да ограби колонијал во центар

На 12.05.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“.


Имено, во 20.50 часот тој од колонијал на подрачјето на Центар, со закана со нож кон вработената одзел пари од дневниот промет.


Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.