Јунајтед ја признава грешката: Најскапиот дефанзивец на продажба!

Иднината на најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, во тимот на Манчестер Јунајтед не е светла, по последните најави дека тој брзо би можел да го загуби местото во првиот тим, а летово би можел и да си замине од „Олд Трафорд“.

Тој во 2019 година дојде меѓу „Црвените ѓаволи“ од тимот на Лестер за неверојатни 80 милиони фунти, но воопшто не ги оправда огромните очекувања од него. اون لاين روليت Изминативе години често беше понижуван од противничките напаѓачи, а неретко повеќе личеше на аматер отколку на скапо платен професионалец. ربح المال من لعب الالعاب Со својата игра не придонесува одбраната на Јунајтед да биде сигурна колку што сака тренерот Ралф Рангник, поради што во следниот период би можел да биде продаден. العاب تربح فلوس

Мегваер сезонава често бил обвинуван за грешките од соиграчите во соблекувалната, поради што има и барање да му се одземе капитенската лента, која со ништо не ја заслужува, иако засега тоа е демантирано од менаџерот на тимот.