Вртоглави суми во фудбалот за српските фудбалери, ПСЖ не застанува

Медиумите од Италија пренесуваат дека ПСЖ остварил контакт со агентите на Сергеј Милинковиќ Савиќ, „светците“ се подготвени да платат 80 милиони евра за услугите на Србинот.

Добро е познато дека Душан Влаховиќ во јануари стана најскапиот српски фудбалер и најскапиот фудбалер од Балканот откако Јувентус на Фиорентина и плати 80 милиони евра (70 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси).

Но напаѓачот нема долго време да биде на тронот, како што пренесуваат медиумите од Италија, ПСЖ подготвува богата понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ. virtuális sportfogadás stratégia

Првиот човек на „светците“ пред неколку недели бил во посета на Рим и се сретнал со агентите на фудбалерот од средниот ред. tippmix hu nyereményjáték На средбата, тој ги известил дека ПСЖ е подготвен да плати 80 милиони евра за услугите на играчот.

Лацио бара 100 милиони евра за да се раздели од својата прва ѕвезда, па големи се шансите двете страни да се најдат на средина и да си подадат рака за трансфер. arbitrázs sportfogadás