Марка: Интер заинтересиран за Елмас

22-годишниот македонски напаѓач има добра сезона во Наполи под водство на Лучијано Спалети, постигнувајќи шест гола и шест асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања.

Тој му се приклучи на клубот во 2019 година во зделка вредна околу 16 милиони евра од Фенербахче.

Како што пренесува шпанскиот весник Marca, Интер и Милан побарале информации од Наполи за Елмас, подготвувајќи се за евентуален преселба во претстојниот летен преоден рок.

Секако, не би било лесно да се постигне договор, бидејќи претседателот Аурелио Де Лаурентис е познат како тежок преговарач, особено кога се работи за ривалски клубови.

Во Интер, неизвесна е иднината на чилеанската ѕвезда Алексис Санчез, па затоа на „чизмата“ медиумите сметаат дека директорот на Интер Џузепе Марота ќе биде многу повеќе мотивиран за ангажман на македонецот.

Друга работа која се наведува како можна причина за трансфер во Интер е фактот што тренерот на Интер, често пати знае наместо со два класични напаѓачи да игра со еден полушпиц (позиција која Елмас може да ја покрива) и еден класичен напаѓач, посочува италијанскиот медум FootbalItalia.

Моментално, цената на Елмас според „транфермаркет“ изнесува 24 милиони евра, сума за која не би требало да има проблем кога се во прашање миланските гигантни.