(ФОТО) Македонските херои попладнево полетуваат за Порто, денес одржан првиот тренинг после мечот со Италија

Македонските репрезентативци денеска го одржаа првиот тренинг по мечот со Италија. Според планот, вечерва со чартер лет летаат за Португалија каде во вторник играат финале за пласман на СП. Атмосферата на денешниот тренинг беше одлична, а како и не би кога е победен актуелен европски првак и четирикратен светски првак. Дури и селекторот Милевски влезе во „шефа“, па репрезентативците му покажаа неколку „финти“.

Македонската фудбалска репрезентација има неверојатни резултати во мундијалскиот квалификациски циклус, ја победивме Германија во Дуизбург, падна и Италија во Палермо, следна е Португалија.

Роналдо и Португалија се последна пречка за нашиот национален тим на патот кон историски резултат, пласман на СП во Катар оваа година.

Македонија покажа дека знае да игра на резултат, знае како со големите, и јасно е дека Португалија е тешка „мисија“, не е невозможна, а сега во составот ги и имаме и Елиф Елмас и Тихо Костадинов.

Македонската фудбалска експедиција попладнево патува за Порто со чартер-лет, средбата со Португалија се игра на легендарниот „Драгао“ во вторник со почеток од 20-45 часот.