Детето кое го удрил нервозниот Роналдо е аутистично, мајката е шокирана

Нервите полека го издаваат Кристијано Роналдо кого некако низ целата кариера го следеа скандали, од она прикриено силување во Лас Вегас во 2009 година, до вчерашното кршење телефон по натпреварот против Евертон.

Мајката на детето чиј телефон скрши португалецот вчера објасни дека неговото дете има аутизам и дека само сакал да го сними Роналдо.

„На крајот на натпреварот, сите играчи излегуваа од теренот, а ние бевме веднаш покра тунелот. Мојот син сакаше да ги сними сите, а потоа малку го спушти телефонот да го сними Роналдо кога тој помина покрај него. Овој реагираше на ужасен начин и му го изби телефонот од раце и го скрши. На неговата рака уште се гледа модринка која покажува колку силно го удрил.

Плачев и бев потресена по сето тоа, а Џејкоб е во шок. Тој е аутистичен, има диспраксија, првпат дојде на натпревар и ова му се случи. Повеќе не сака да оди на фудбал“, изјави Сара Кели за Ливерпул Ехо.

Роналдо синоќа се извини за својата ужасна постапка, но прашање е дали тоа може да го надоместо шокот што го преживеа навивачот на Евертон.

ВИДЕО: https://www.instagram.com/p/CcKJZj4K8cR/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again