Манчестер Сити со богата понуда за Халанд, менаџерот Рајола добива вртоглава провизија

Манчестер Сити е еден од фаворитите за потписот на супериорниот напаѓач на Дортмунд, истакнува новинарот Џанлука Ди Марцио кој важи за еден од најинформираните спортски новинари во Европа.

Според него, од таборот на Сити доставиле понуда до Борусија Дортмунд.

Понудата е 75 милиони евра за Борусија Дортмунд колку што е откупната клаузула на фудбалерот. Провизијата за агентот Мино Рајола е неверојатни 70 милиони евра, а годишната плата на Халанд ќе биде 30 милиони евра.

Рајола е свесен дека откупната клаузула за играч како Халанд е релативно мала, па затоа користи да добие што е можно поголема провизија.

Ова е сериозна понуда која го носи Халанд блиску до потпис со Манчестер Сити, но интерес за него има и од Реал Мадрид, а тој особено ќе се зголеми ако Мбапе реши да остане во ПСЖ.