Заслужена награда: репрезентативците ќе поделат 50.000 евра како премија за пласманот на СП

Македонија со победата над Чешка со 27-25 во реваншот од баражот за СП, обезбеди по осми пат место на Мундијалот.

Во пресрет на овој двомеч, Ракометната федерација на Македонија вети премија од 50.000 евра за пласман на СП.

Со прикажаното на двомечите со Романија, а особено со Чешка, репрезентативците и стручниот штаб ја заслужија оваа премија.

Македонија се најде во вториот шешир пред ждрепката за СП, а на 2 јули ќе ги дознае ривалите на светскиот собир.