(ВИДЕО) На доделувањето на Оскарите: Актерот Вил Смит го удри водителот поради шега на сметка на неговата сопруга

Иако сите прво мислеа дека се работи за сценарио, подоцна сфатија дека не е режирана сцена, според реакциите на двајцата актери

Актерот Вил Смит излезе на сцената и го удри водителот Крис Рок за време на церемонијата на доделување на филмските награди „Оскар“, синоќа.

Иако сите прво мислеа дека се работи за сценарио, подоцна сфатија дека не е режирана сцена, според реакциите на двајцата актери.

Причина за ова беше што Рок се пошегува на сметка на физичкиот изглед на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, која е без коса, поради алопеција (здравствена состојба на губење на косата).

Откако Рок го кажа она што требаше да звучи како шега, Смит отиде на сцената и го удри Рок по што се врати на своето место и му порача да не го споменува името на неговата сопруга, придружено со пцовки.

Откако ја прими златната статуетка, очигледно освестен што направил, Вил Смит заплака додека држеше говор. Актерот ѝ се извини на Академијата за филмски уметности и науки.

Откако ја прими златната статуетка, очигледно освестен што направил, Вил Смит заплака додека држеше говор. Актерот ѝ се извини на Академијата за филмски уметности и науки.

– Сакам да бидам посредник за љубовта, сакам да им се заблагодарам на Венус и Серена, на целото семејство Вилијамс што ми ја доверија приказната. Тоа е она што сакам да го правам, да бидам амбасадор на љубовта, грижата, вниманието. Сакам да се извинам на Академијата и на номинираните, ова е прекрасен момент и не плачам затоа што ја добив наградата. Не се работи за тоа, потребно е сите други луѓе да се осветлат со светлина. Уметноста го имитира животот, сега изгледам како тој „лудиот татко“. Но, поради љубов луѓето прават луди работи. Многу работи се многу комплицирани за мене, но – ви благодарам за оваа чест, на овој момент, ви благодарам во името на Ричард и во име на целото семејство Вилијамс. Се надевам дека Академијата повторно ќе ме покани – изјави Смит.