Најстарата личност во светот го прослави својот 119. роденден

Кане Танака, родена во 1903 година, го прослави својот 119-ти роденден во Јапонија продолжувајќи го својот рекорд како најстара личност на светот за уште една година.

Според повеќе јапонски медиуми, Танака ја пречека Новата година и го славеше својот роденден во неделата во домот за стари лица во Фукуока.

Семејството на Танака соопшти дека таа има намера да живее уште една година за да го достигне својот 120. роденден, дополнително зајакнувајќи го својот подвиг во Гинисовата книга на рекордите, која почна да ги бележи нејзините години во март 2019 година кога таа наполни 116.

Еији Танака, нејзиниот 62-годишен внук, изјави за јапонскиот весник „Кјодо“: „Се надевам дека ќе остане здрава и ќе се забавува секој ден додека старее“.

Танака е сведок на пет јапонски царски владеења и две светски војни.