Поддршка

Помош за Relevant

Одговори на најчестите прашања за апликацијата Relevant на iPhone, iPad и Android. Ако не го најдеш тоа што ти треба, пиши ни.

Пиши ни

За прашање, проблем со апликацијата или предлог, пиши на оваа адреса:

contact@relevant.mk

Испрати е-пошта

Одговор обично добиваш за неколку работни дена.

Ако нешто не работи, напиши кој уред го користиш и која верзија на апликацијата ја имаш. Верзијата е во Профил → За Relevant.

Чести прашања

Кратки одговори за најавата, фидот и твоите податоци.

Како да се најавам?

Можеш да се најавиш со е-пошта и лозинка, со Google или, на iPhone и iPad, со Apple. Најавувај се секогаш на истиот начин на кој ја направи сметката.

Ако не можеш да се најавиш, пиши ни од е-поштата на сметката и опиши што се случува.

Како Relevant избира што ќе видам?

На почетокот избираш теми и извори, а можеш и со свои зборови да опишеш што те интересира. Потоа фидот учи од тоа што го читаш, зачувуваш, што ти се допаѓа и што го криеш.

Сето ова можеш да го смениш во секое време во Профил: Теми, Извори и Со твои зборови.

Од кои извори доаѓаат вестите?

Од македонски и регионални медиуми. Кога повеќе од нив пишуваат за истиот настан, гледаш една приказна, а под неа сите извори. Оригиналниот текст е на еден допир.

Приказните од изворите што ги следиш, во Профил → Извори, ги гледаш поблиску до врвот.

Кој ги пишува резимеата?

Кратките резимеа се напишани со вештачка интелигенција врз текстовите од изворите. Можат да згрешат, затоа изворите се секогаш на еден допир, за да провериш.

Како да пријавам погрешна или неточна приказна?

Пиши на contact@relevant.mk. Напиши го насловот на приказната, кога ја виде и што не е точно. Слика од екранот многу помага.

Ако само не сакаш вакви приказни, во менито на приказната избери „Сокриј“ или „Не ме интересира“. Потоа ќе гледаш помалку слични.

Како работат дневниот преглед и известувањата?

Дневниот преглед е кратко резиме на она што е важно за тебе, еднаш дневно, во време што ти го избираш. Ако дозволиш известувања, добиваш 1 известување на ден, кога прегледот е спремен.

Времето и известувањата ги менуваш во Профил → Дневен преглед. Известувањата можеш да ги исклучиш и во поставките на телефонот.

Зошто Relevant ја користи мојата локација?

Само за да ти покаже вести од твојот крај, и тоа е по избор. Приближниот град се одредува од интернет врската, а локацијата на уредот се користи само ако ја дозволиш. Се чува само градот, не и IP адресата, и локацијата не се следи во позадина.

Во Профил → Локални вести можеш да го смениш градот или да ја исклучиш локацијата на уредот.

Како да ја избришам сметката и податоците?

Во апликацијата отвори Профил → Сметка → Избриши ја сметката и потврди. Сметката и сите твои податоци се бришат веднаш и засекогаш: зачуваните приказни, интересите, прегледите и историјата на читање. Ова не може да се врати.

Ако не можеш да се најавиш, пиши на contact@relevant.mk од е-поштата на сметката, со наслов „Бришење на сметка“. Тогаш сметката и сите податоци поврзани со неа се бришат во рок од 30 дена.

На кои уреди работи Relevant?

На iPhone и iPad со iOS 15 или понова верзија, и на телефони и таблети со Android 7.0 или понова верзија.

Твоите податоци

Relevant не ги продава твоите податоци и не те следи низ други апликации и веб-страници. Политиката за приватност објаснува кои податоци се обработуваат, зошто и кои се твоите права.

Прочитај ја политиката за приватност